еМагазин
Image default
Балкан

Од утре без маска, со неколку исклучоци, во затворените простори во Грција

Задолжителната маска во затворените простори во Грција од утре се укинува, а исклучок се болниците, домовите за стари лица и јавниот градски превоз, додека пак во текот на оваа седмица ќе се донесе одлука за протоколите за бродовите и траектите, јави дописничката на МИА од Атина.

Одлуката ја соопшти министерот за здравство на Грција, Танос Плеврис пред две седмици и рече дека е привремена, односно ќе важи до 15 септември 2022 година.

-Укинувањето на задолжителната употреба на маска значи дека нема да се изрекува административната казна, но сепак останува охрабрувањето и препораката, дека ќе треба да се користи маската во сите простори, особено за населението кое припаѓа на ранливите категории, рече тогаш Плеврис.

Маската повеќе нема да биде задолжителна за затворените простори, како што се супермаркетите и продавниците, но и за авионите и за превозните средства со нумерирани седишта, односно возовите и меѓуградските автобуси.

Задолжителна останува во болниците, домовите за нега на стари лица и слични институции, како и во јавниот градски превоз, како што се автобусите, метрото, трамваите и тролејбусите.

Маската, воедно е и последната мерка што важеше во Грција, со што летото ќе биде целосно слободно и без никакви ограничувања.

МИА

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Балканска работа: „Тепачка“ за која земја бил наменет најголем дел од банана-кокаинот

Редакција

Околу 250 грчки интелектуалци потпишаа иницијатива за поддршка на Договорот

Редакција

Каменос: СИРИЗА се самоуби во Преспа

Редакција

📢 Важно известување

Оваа веб-страница претставува архива (стар сајт) и повеќе не се ажурира.
За најнови информации и содржини, посетете ја нашата нова официјална страница:


👉 Посети ја новата страница