еМагазин
Image default
Свет ТОП СТОРИИ

Инфлацијата во еврозоната во мај со нов рекорд од 8,1%

Годишната стапка на инфлација во еврозоната достигна рекордни 8,1 отсто во мај, објави денеска европската статистичка агенција Еуростат.

Мајската инфлација во 19-те држави од еврозоната ја надмина претходната рекордна инфлација од 7,4 отсто во април, достигнувајќи највисоки бројки забележани од јануари 1997 година.

Порастот на цените во потрошувачката секој месец достигнува рекордни нивоа, континуирано од ноември минатата година. Тоа минатата година беше окаркатеризано како привремен феномен, поврзан со силата за економско закрепнување по пандемискиот шок и прекините во синџирите на снабдување.

Руската инвазија на Украина од крајот на февруари, како и економските санкции против Москва го интензивираат скокот на цените и ги зголемуваат стравувањата дека ќе има голем пад на растот на бруто домашниот производ.

Скокот на инфлацијата првенствено се одразува врз енергетскиот сектор (струја, нафта, гас), а тој дел од показателот на цените во мај пораснал за 39,2 отсто на годишна основа, откако во април пораснал за 37,5 отсто.

Но, растот на цените на храната (вклучувајќи ги и алкохолот и тутунот) исто така се забрзува, достигнувајќи 7,5 отсто во мај од 6,3 отсто во април. Тоа го забрзува и растот на цените на индустриските производи, од 4,2 отсто во мај по 3,8 отсто во април и услугите од 3,5 отсто во мај наспроти 3,3 отсто претходниот месец.

МИА

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Марина Тунева: Во мојот мозаик, секоја коцка си има свое значење

Петре Димитров

Разрешени заменик министрите Асани, Абедини и Алиу

Редакција

Љубомир Јовески не е повеќе кандидат за уставен судија, СДСМ ја повлече неговата кандидатура

Редакција

📢 Важно известување

Оваа веб-страница претставува архива (стар сајт) и повеќе не се ажурира.
За најнови информации и содржини, посетете ја нашата нова официјална страница:


👉 Посети ја новата страница