еМагазин
Image default
БЕСПАРИЦА ТОП СТОРИИ

Финансиски удар за плиткиот џеб на граѓаните: Зејтинот поскап за 20 денари, кои други производи поскапеа?

Маслото за јадење, брашното, шеќерот, лебот и јајцата од денеска се продаваат по нова, зголемена цена откако престанаа да важат антикризните мерки што беа воведени во март.

Зејтинот кој досега се продаваше по цена од 135 денари, сега може да се најде за цена од 156 до 163 денари, а новата цена на брашното тип 400 сега се движи од 54 до 60 денари.

Шеќерот се продава по цена од 55 до 60 денари, а пакување од 10 јајца по цена од 90 до 110 денари.

Повисоки цени има и кај лебот и оризот.

Од вчера се зголемени и цените на горивата. Цената на Еуросупер БС-95 и на дизелот е зголемена за девет денари, а на Еуросупер БС-98 за 9,5 денари за литар. За 8,5 денари за литар поскапо е и Екстра лесното масло за домаќинство. Литар Еуросупер БС-95 чини 104 денари, Еуросупер БС-98 се продава по цена од 106,5 денари. Новата цена на дизелот е 95 денари, а на Екстра лесното масло за домаќинство 93 денари.

Зголемените цени на храната уследија откако од денеска престанаа да важат антикризните мерки со кои ДДВ-то на основните прехранбени производи беше намалено од 5 на нула проценти, а на енергенсите од 18 на 10 проценти. Се укина и ограничувањето на маржите за основните прехранбени производи.

Антикризните мерки беа воведени во март со цел да се ублажат последиците од енергетската криза и да се заштити стандардот на граѓаните.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Рекордни цени на горивата: Бензините ќе се продаваат за 104 и 106,50 денари за литар

МИА

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Партијата на Еди Рама победи на локалните избори во Албанија

Редакција

„Водејќи хибридна војна против Русија, Западот се приближува до светска војна“, вели Медведев

Редакција

Косовари пукале во полицаецот кој беше ранет во Ѓорче Петров

Редакција

📢 Важно известување

Оваа веб-страница претставува архива (стар сајт) и повеќе не се ажурира.
За најнови информации и содржини, посетете ја нашата нова официјална страница:


👉 Посети ја новата страница