еМагазин
Image default
БАШ НИ Е ЌЕФ

НЛБ Банка со промотивна кампања за Mastercard Business картички – „За бизнис и задоволство“

Од денеска, НЛБ Банка започнува промотивна кампања наменета за сите правни лица, постоечки и нови корисници на кредитни и дебитни Mastercard Business картички.

Имено, во текот на месец јуни, правните лица – иматели на сметки во НЛБ Банка кои се веќе корисници, но и оние кои ќе аплицираат за Мastercard Business картички, добиваат единствена можност да ги искористат промотивните придобивки на кампањата.

Поконретно, постоечките корисници на Mastercard Business картичките, кои во периодот од 1 до 30 јуни, ќе направат најмалку 15 трансакции и ќе остварат промет од најмалку 100.000 денари ќе добијат бесплатна членарина за картичката за следната година на користење и специјален подарок.

Воедно, бесплатна членарина за првата година на користење добиваат и сите оние правни лица кои во наведениот период ќе аплицираат за Mastercard Business кредитни и/или дебитни картички.

Mastercard Business картичките се наменети за фирми, претпријатија и институции кои имаат потреба од сигурен и едноставен начин на плаќање за службени потреби. Можат да се користат за подмирување на секојдневни службени трошоци, деловни патувања во земјата и во странство или пак за подигнување готовина.

Повеќе детали за Mastercard Business картичките и промотивните понуди на НЛБ Банка, клиентите можат да добијат во сите експозитури на Банката, како и на веб-страницата: www.nlb.mk или преку контакт-центарот, на телефонскиот број 02/15 600.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Нова промотивна понуда од Мтел – втор СТБ уред за сите нови претплатници на Плус пакетот на Мсат

Редакција

„Виталиа“ чекор понапред во освојување на азискиот пазар

Редакција

Илина Арсова постигна огромен успех: На Антартикот ја заокружи мисијата да ги искачи највисоките врвови на сите континенти

Редакција
Close

📢 Важно известување

Оваа веб-страница претставува архива (стар сајт) и повеќе не се ажурира.
За најнови информации и содржини, посетете ја нашата нова официјална страница:


👉 Посети ја новата страница