еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

Прашањето за Македонија не може да се реши до крајот на француското претседавање со ЕУ, порача бугарската министерка Генчовска

Прашањето за Република Северна Македонија не може да се реши до крајот на француското претседателство со Советот на ЕУ, изјави денеска шефицата на бугарската дипломатија Теодора Генчовска пред состанокот на Комисијата за надворешна политика на Собранието на Бугарија.

Таа нагласи дека по минатонеделната средба на лидерите на владината коалиција од Кабинетот на премиерот Кирил Петков посочиле дека „се потпираат“ на Министерството за надворешни работи, меѓутоа, според неа, „тимови на премиерот продолжуваат да го саботираат процесот на различни начини“.

– Тие водат разговори со нашите партнери од ЕУ, ние се обидуваме овие разговори да ги водиме на чисто професионален начин, но од маргините дознавме дека и советници на премиерот водат паралелни разговори, рече шефицата на бугарската дипломатијата.

На прашањето дали Петков би можел „да го прескокне“ Министерството за надворешни работи во врска со прашањето за Северна Македонија, Генчовска одговори дека „нема шанси“ тоа да биде заобиколено.

На прашањето дали бугарското МНР треба да подготви извештај за напредокот во односите меѓу двете земји, Генчовска рече дека тоа може да се случи доколку се одржи Консултативниот совет за национална безбедност, што треба да го закаже претседателот на Бугарија и тој да побара таков извештај од Министерството.

МИА/Фото: Бугарско МНР

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Европскиот парламент со резолуција бара меѓународна истрага за наводните нерегуларности на изборите во Србија

Редакција

Филип Димитровски го превзеде лидерството врз CEED Бизнис клубот во Македонија

Редакција

Заев нема да бара оставка од Рашковски

Редакција

📢 Важно известување

Оваа веб-страница претставува архива (стар сајт) и повеќе не се ажурира.
За најнови информации и содржини, посетете ја нашата нова официјална страница:


👉 Посети ја новата страница