еМагазин
Бизнис

Хигиеничарите најбарани за вработување

Хигиеничари на станбен и деловен простор е најбараната професија за вработување. Во бироата за вработување во земјава според нивните податоци се бараат 1.363 хигиеничари.

Меѓу најбараните се и продавачите за кои има објавено огласи за 366 вработувања, шивачите на текстил 220, келнери 193, возачи на такси 192, шивачи 165, општи работници 134, обезбедувачи 120, контролори на шиени и слични производи 99.

Се бараат и 99 програмери, 92 готвачи, 90 магационери, 77 административни службеници, 77 шанкери, 73 касиери, 58 возачи на камиони, 57 бравари, 51 ракувач со машина за пакување, 46 пекари, 44 администратори, 44 ракувачи со машина за печива, 40 работници во висока градба, 38 дистрибутери во малопродажба, 37 градежни работници и 35 помошници кувари.

Слободни работни места според податоците на Бирото за вработување се над 5.000.

Најмногу слободни работни места има во Скопје 3.516, следи Виница со 511, Кочани со 142, Куманово со 113, Битола со 107, Струмица со 105, Тетово 95…

Бројот на невработени лица заклучно со јули 2018 година изнесува 95.421. Најмногу има во Скопје 15.836, Тетово 11.469, прилеп 6.820…

Најбројни невработени се оние без образование- 41.628, со непотполно средно образование-13.240, а со завршено средно се 26.584. Невработени со завршен факулет се 11.495, 909 магистри и 33 доктори на науки.

МИА

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Дизелот поевтин за два, Екстра лесното масло за два и пол денари

Редакција

Договор од 2,2 милиони евра склучи Општина Струга со „Илинден“

Редакција

Итна промена на мерките или финансиска поддршка, приходите се преполовени, бара Асоцијацијата на спортски обложувалници

Редакција

📢 Важно известување

Оваа веб-страница претставува архива (стар сајт) и повеќе не се ажурира.
За најнови информации и содржини, посетете ја нашата нова официјална страница:


👉 Посети ја новата страница