еМагазин
Image default
БАШ НИ Е ЌЕФ

(Фото) Учениците на ОOУ „Лазо Ангеловски“ отсега ќе имаат книжарница во рамките на училиштето

Вчера, во основното училиште „Лазо Ангеловски“ во Аеродром, се отвори книжарница на Тримакс.

Таа ќе им овозможи на учениците и нивните родители полесно да ги обезбедат потребните материјали за целата училишна година, и да се заштитат учениците од непотребно изложување на опасности и преминување на булеварот.

На свечениот настан по тој повод, в.д. директорката м-р Магдалена Петреска, ја истакна одличната соработка со Тримакс и значењето на новоотворената книжарница токму во училишен двор, како и улогата на општината и на нивната визија за подобрување на работата на училиштата и на образованието во целата општина.

Таа изрази благодарност и до Училишниот одбор и до Советот на родители за нивната поддршка на иницијативата за отварање на книжарница во училиштето.

Директорот на Тримакс, Горан Димитров, истакна дека ова е прва книжарница од овој тип, која е во состав на училиште, во Скопје и најверојатно во Македонија.

На настанот беше истакнато дека е потребно заеднички да се грижиме за децата и младите и да ја оплемениме и подобриме околината во која тие најмногу престојуваат, а тоа е училиштето.

На отворањето учествуваа дечињата од „Поточиња“ со своите песни, учениците од училиштето „Лазо Ангеловски“, а како изненадување од Тримакс беше магионичарската претстава на Кристијан Шопов.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

(Фото) Портокалова велосипедска тура, изложба на карикатури и холандски пазар на отворањето на Деновите на Холандија во Ист Гејт Мол

Редакција

Македонија2025 го организираше третиот Саем за наука: Дел од проектот „Науката и Јас“

Редакција

Пакетчиња за сите деца од Македонска Каменица и донации од рудникот САСА за новогодишните празници

Редакција

📢 Важно известување

Оваа веб-страница претставува архива (стар сајт) и повеќе не се ажурира.
За најнови информации и содржини, посетете ја нашата нова официјална страница:


👉 Посети ја новата страница