еМагазин
Image default
Бизнис ТОП СТОРИИ

Ново поскапување на бензините до 2,5 денари, цената на дизелот останува иста

Бензините од ноќеска на полноќ поскапуваат од два до 2,5 денари за литар, а цената на дизелот останува иста, одлучи денеска Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги (РКЕ).

Со одлуката се врши зголемување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 1,46 отсто.

Со одлуката на РКЕ малопродажната цена на „Еуросупер БС-95“ се зголемува за два денара за литар и ќе чини 109 денари, а на „Еуросупер БС-98“ се зголемува за 2,5 денари и ќе изнесува 111,5 денари за литар.

Цената на дизелот не се менува и останува 99,5 денари за литар, додека малопродажната цена на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) се зголемува за три денари и од утре ќе се продава за 98,5 денари.

Со одлуката на РКЕ не се менува и малопродажната цена на Мазутот М-1 НС и таа и понатаму ќе изнесува 54,64 денари за килограм.

Како причина за зголемените малопродажни цени на нафтените деривати од РКЕ ги посочуваат зголемените референти цени на светскиот пазар кај бензините во просек за 3,497 отсто и кај дизелот за 1,882 отсто, како и за 0,105 отсто понискиот курс на доларот во однос на денарот.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Распродажба во УЈП: Се нудат запленети автомобили, товарни возила, деловен простор…

Редакција

Доктор Беќаровски објаснува која вакцина против Ковид-19 би ја избрал и зошто

Редакција

Од 31. октомври до 2. ноември “Виноскоп“ во Скопје, ќе се престават над 30 винарии

Редакција

📢 Важно известување

Оваа веб-страница претставува архива (стар сајт) и повеќе не се ажурира.
За најнови информации и содржини, посетете ја нашата нова официјална страница:


👉 Посети ја новата страница