еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

34-годишник од Битола приведен за пожарот во центарот „Иван Михајлов“ во Битола

Со задоволство можам да обзнанам брза и ефективна разрешница на случајот од пред три дена (04.06.2022) со кривично-правниот настан – пожар во центарот „Иван Михајлов“ во Битола, кој е веќе расчистен и имаме приведено лице кое го призна делото, објави министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски на неговиот Фејсбук профил.

– Се работеше деноноќно да се изнајде сторителот, се земаа предвид сите докази, а по извршените службени разговори во изминатите денови, вчеравечер, со судска наредба, беше извршен претрес на две локации кои ги користи Л.А.(34) од Битола, при што се пронајдени и одземени предмети поврзани со кривичното дело, по што лицето е лишено од слобода, напиша Спасовски.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Пејачот Ламбе Алабаковски признал дека го подметнал пожарот на влезната врата на центарот „Иван Михајлов“ во Битола  

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Чешка ги зголеми квотите за работници од Македонија, Босна и Херцеговина, Грузија и Молдавија

Редакција

БЕГ склучи рамковна спогодба за набавка на гас со ТЕ-ТО вредна 70,3 милиони евра

Редакција

Македонскиот офицер нема јужноафрикански, детектиран му е нигерски сој на Ковид-19

Редакција

📢 Важно известување

Оваа веб-страница претставува архива (стар сајт) и повеќе не се ажурира.
За најнови информации и содржини, посетете ја нашата нова официјална страница:


👉 Посети ја новата страница