еМагазин
Image default
Македонија

При приведување во Шипковица нападнати полицајци

Тетовски полицајци вчера во Шипковица пукале во воздух откако биле нападнати од две лица од село Гајре, кои требало да бидат приведени за инциденти пријавени пред неколку дена.

При акцијата слобода се лишени А.М. (40) и Л.М. (39) од тетовско Гајре, кои на 11 и 13 овој месец биле пријавени од две лица од Гајре и Шипковица дека им барале пари и им се заканувале, а на жителот од Шипковица му одзеле и добиток.

– При лишувањето двајцата се однесувале агресивно и физички ги нападнале полициските службеници, при што од еден полициски службеник бил испукан и предупредувачки куршум во воздух.

Двајцата се задржани во Полициската станица Тетово за целосно расчистување и документирање на пријавените случаи и ќе им бидат изготвени соодветни поднесоци, информира портпаролот на СВР Тетово, Марјан Јосифоски.

МИА

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Запленети грејните тела на студентите во студентскиот дом „Гоце Делчев“

Редакција

Возачите да внимаваат, опасност од голомразица на патиштата

Редакција

Потврдено: На Клиниката за онкологија 8 вработени позитивни на корона вирусот

Редакција

📢 Важно известување

Оваа веб-страница претставува архива (стар сајт) и повеќе не се ажурира.
За најнови информации и содржини, посетете ја нашата нова официјална страница:


👉 Посети ја новата страница