еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

Рашковски бара судот да му го врати пасошот

На денешното судско рочиште, на кое продолжија да се изведуваат доказите на Обвинителството за случајот „Софтвери“, поранешниот генерален секретар на Владата, Драги Рашковски, побара од Кривичниот суд да му го врати пасошот, кој му беше одземен како мерка на претпазливост, пренесе Телма.

На Рашковски најпрво му беше укинат затворскиот, а потоа и домашниот притвор, откако Апелацискиот суд ја прифати неговата гаранција во износ од 192 илјади евра.

Случајот се однесува на злоупотреби со набавката на софтвер за сообраќајни прекршоци.

Фото: Влада

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Судот во Стразбур пресуди дека Македонија ќе треба да и плати отштета од 1.600 евра на Елена Доцевска-Божиновска за притворот за „27 април“

Редакција

Средниот век, Османлиската империја и Гоце Делчев теми на деветтата средба на Мешовитата македонско-бугарска комисија

Редакција

Петков: Ми се допаѓа францускиот предлог, останувам на ветеното одлуката за Македонија да ја донесе бугарското Собрание

Редакција

📢 Важно известување

Оваа веб-страница претставува архива (стар сајт) и повеќе не се ажурира.
За најнови информации и содржини, посетете ја нашата нова официјална страница:


👉 Посети ја новата страница