еМагазин
Image default
Свет ТОП СТОРИИ

Нови проблеми за Европа: Течниот гас од американски производител Freeport LNG ќе пристигне во септември

Американскиот производител на течен гас Freeport LNG објави дека нивниот погон во Тексас, оштетен од експлозија, ќе продолжи со работа дури во септември, најавувајќи нови проблеми за Европа која бара замена за рускиот гас.

Погонот сочинува една петтина од извозот на ЛНГ на САД и е главен снабдувач на европските купувачи кои се во потрага по алтернативни извори на снабдување.

Пукнатина на гасоводот под прекумерен притисок предизвика експлозија и пожар на 8 јуни, па работата во фабриката Квинтана беше прекината, соопшти компанијата, додавајќи дека погоните за преработка не се оштетени.

Погонот ќе продолжи да работи и во септември, но во ограничен обем, посочија оттаму и додадоа дека очекуваат враќање на полн капацитет до крајот на годинава.

Погонот Фрипорт втечнува околу шест милиони кубни метри природен гас дневно и работи со речиси полн капацитет во последните месеци, според консултантската компанија Ристад енерџи. Околу 3,3 милиони кубни метри отишле во Европа од мај, во споредба со 2,3 милиони во март, објави Ристад.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Испораката за Европа ќе доцни: Експлозија во еден од од најголемите американски терминали за извоз на течен природен гас

МИА/Фото: Влада

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

(Фото) Македонскиот олимписки тим на дефилето на нациите на 32. Летни олимписки игри во Токио

Редакција

Владата одлучи: Изолацијата се намалува на седум дена

Редакција

Министерството за одбрана склучи два договори со МГИ Инвест ЛТД вредни над 1,3 милион евра

Редакција
Close

📢 Важно известување

Оваа веб-страница претставува архива (стар сајт) и повеќе не се ажурира.
За најнови информации и содржини, посетете ја нашата нова официјална страница:


👉 Посети ја новата страница