еМагазин
Image default
БЕНЧМАРК ТОП СТОРИИ

Францускиот предлог предвидува ЕУ да биде гарант дека Mакедонија ќе ги исполни барањата на Бугарија, тврди бугарски медиум

Бугарскиот медиум „Медиапул.бг“, повикувајќи се на извори на дипломати објави дека француското ротирачко претседателство е подготвено да ги вклучи барањата на Бугарија во преговарачката рамка за Македонија и ЕУ да стане гарант за нивната имплементација.

Се очекува предлогот да биде одобрен од другите земји-членки и покрај резервите дека билатералните прашања се пренесуваат на европско ниво, пишува порталот.

Францускиот предлог, за кој македонските власти тврдат дека не го виделе е доставен до бугарскиот Парламент.

До вторник следната недела, за кога е закажан Советот за општи работи, Бугарија ќе треба да се произнесе за францускиот предлог, а два дена подоцна почнува Самитот на лидерите на ЕУ.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Мицковски за францускиот предлог: Или ќе се „бугаризираме“, или никогаш нема да бидеме дел од ЕУ

Францускиот предлог е успех за Бугарија, изјави копретседавачот на партијата „Демократска Бугарија“, Иванов

Фото: Влада

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

(Видео) По тепачка потона сплав во Белград, гости пливаа до брегот на Сава

Редакција

Македонија ќе игра против Италија во полуфиналето за пласман на Светското фудбалско првенство

Редакција

Скопската зоолошка е затворена поради сомнение за присуство на птичји грип

Редакција

📢 Важно известување

Оваа веб-страница претставува архива (стар сајт) и повеќе не се ажурира.
За најнови информации и содржини, посетете ја нашата нова официјална страница:


👉 Посети ја новата страница