еМагазин
Image default
Бизнис ТОП СТОРИИ

Алкалоид најпосакувана компанија за вработување

Анкетата на vrabotuvanje.com.mk покажа дека Алкалоид АД Скопје е најпосакувана компанија за вработување во Македонија.

Дури 41%од испитаниците се изјасниле дека би работеле во Алкалоид.

Порталот vrabotuvanje.com.mk издвојува и дел од бројните позитивни коментари за компанијата: „Алкалоид ќе ја изберам, бидејќи е компанија со долгогодишно искуство и економски одржлива на пазарот, со развиен систем на општествена одговорност. Грижата за здравјето на сите луѓе, а посебно здравјето на децата, ја прави сама по себе „благородна“ работа. Во време на економска криза и пандемија во светски размери, води грижа за здравјето на своите вработени, нивните семејства и наоѓа начин за навремена исплата на плати, нови вработувања, мотивација на вработени и нивен постојан развој. Сметам дека во оваа компанија можам многу да научам и да допринесам во иднина“.

„Затоа што е една од најдобрите и најодговорните фирми во Македонија и во Европа. Остава простор за развој на младите и поголем интерес кон целта во нивниот живот“.

Втора е Макпетрол со 14%, а трета ЕВН Македонија со 12% од гласовите на испитаниците.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

(Фото) Долги редици за „Медена земја“ пред билетарница во кино во Белград

Редакција

Детали за акцијата на МВР: Можна поврзаност на полицајци со криминалци, кокаин користеле банкари, адвокати, менаџери

Редакција

Од април две нови: Од патарини лани инкасирани рекордни 46,4 милиони евра

Редакција

📢 Важно известување

Оваа веб-страница претставува архива (стар сајт) и повеќе не се ажурира.
За најнови информации и содржини, посетете ја нашата нова официјална страница:


👉 Посети ја новата страница