еМагазин
Image default
Бизнис ТОП СТОРИИ

Дизелот поскапува за два денари

Дизелот од ноќеска на полноќ поскапува за два денари по литар, а цената на другите горива останува иста, одлучи денеска Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги (РКЕ).

Со одлуката се врши зголемување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 0,37 отсто.

Новата малопродажна цена на Еуродизерл (Д-Е V) ќе изнесува 109,5 денари за литар. Еуросупер БС-95 и понатаму ќе се продава за 111,5, Еуросупер БС-98 за 113,5, Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) за 105 денари за литар, а Мазутот М-1 НС за 56,317 денари за килограм.

Како причина за зголемената цена на дизелот од РКЕ ги посочуваат зголемените референтни цени на светскиот пазар кај дизелот во просек за 1,078 отсто и намалените кај бензините во просек за 2,407 отсто, како и за околу 1,488 отсто повисокиот курс на доларот во однос на денарот.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Мобилни гинеколошки клиники ќе вршат прегледи за рано откривање на ракот на грлото на матката

Редакција

Македонската фолклорна група од Пустец настапи пред учесниците на самитот на Берлинскиот процес

Редакција

Собранието ја усвои Резолуцијата на ВМРО-ДПМНЕ за „црвените линии„ со Бугарија

Редакција

📢 Важно известување

Оваа веб-страница претставува архива (стар сајт) и повеќе не се ажурира.
За најнови информации и содржини, посетете ја нашата нова официјална страница:


👉 Посети ја новата страница