еМагазин
Image default
Македонија

(Фото) Во Владата средба на коалициските партнери од власта

Во Владата во тек е средбата на коалициските партнери од власта на која ќе се разговара за се она што е направено изминатите месеци од формирањето на новата Влада.

Се очекува да се реафимира и ставот за одржување на редовни парламентарни избори во 2024 година заедно со претседателските.

По завршување на средбата, како што најави владината прес-служба, премиерот Димитар Ковачевски ќе одржи прес-конференција на која што ќе присуствуваат и лидерите од владината коалиција.

Вчера, опозицијата предводена од ВМРО-ДПМНЕ одржа протест пред Владата барајќи предвремени парламентарни избори. Доколку ова лето не се постигне договор за избори, најавија блокада на институциите и протести.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

(Видео) Илјадници граѓани дојдоа на протестот на ВМРО-ДПМНЕ

МИА/Фото: Влада

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Намалување за 32%: За една недела 17 смртни случаи од Ковид-19 од 9 градови

Редакција

Пендаровски не добил барање од бугарска страна за промена на Уставот

Редакција

Двајца од обвинетите немале адвокати, повторно одложено судењето за пожарот во тетовската модуларна болница

Редакција

📢 Важно известување

Оваа веб-страница претставува архива (стар сајт) и повеќе не се ажурира.
За најнови информации и содржини, посетете ја нашата нова официјална страница:


👉 Посети ја новата страница