еМагазин
Image default
Балкан ТОП СТОРИИ

Вучиќ: Одлуката за учество на Самитот во Брисел ќе ја донесам по консултации со Ковачевски и Рама и Владата

Српскиот претседателот Александар Вучиќ денеска најави дека утре ќе има консултации со премиерите на С.Македонија и на Албанија, Димитар Ковачевски и Еди Рама, како и со Владата на Србија за претстојниот Самит за Западен Балкан, па дури тогаш ќе донесе одлука дали ќе патува во Брисел, јави дописникот на МИА од Белград.

– Тогаш ќе донесеме одлука дали ќе одиме во Брисел и каква позиција ќе имаме, изјави Вучиќ, одговарајќи на прашање дали добил покана за учество на Самитот на 23 јуни во Брисел, дали ќе оди и каков ќе биде ставот на Србија на оваа средба.

Вучиќ рече дека во петокот добил официјална покана да присуствува на седницата на Советот на ЕУ в четврток во Брисел, нагласувајќи дека тоа „ќе биде можеби најважниот и најинтересен ден во последните 10 години на европско ниво“.

– Ќе почекаме, утре ќе имам консултации во рамките на Отворениот Балкан, со Рама и Ковачевски, па ќе одржам консултации и со членовите на српската Влада и потоа ќе донесеме одлука дали ќе одиме во Брисел и каква позиција ќе имаме, изјави Вучиќ.

Тој додаде дека уште сега може да го каже своето мислење, но оти сепак нема да го стори тоа пред да се консултира со српската Влада и пред да размени мислења со останатите членки на иницијативата Отворен Балкан, за да го чуе и нивниот став.

МИА/Фото: Влада

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

„Линк медиа плус“ го доби тендерот за новогодишно украсување на Скопје „тежок“ 260.000 евра

Редакција

30 дена притвор за Бектеши и 12 други лица за трагедијата во Кочани

Редакција

Повисоки плати и месечни бонуси за вработените во Веро и Jumbo

Редакција

📢 Важно известување

Оваа веб-страница претставува архива (стар сајт) и повеќе не се ажурира.
За најнови информации и содржини, посетете ја нашата нова официјална страница:


👉 Посети ја новата страница