еМагазин
Image default
Македонија

Финската премиерка Сана Марин во посета на Македонија

Премиерот Димитар Ковачевски ја пречека неговата финска колешка Сана Марин, која е во еднодневна работна посета на Македонија.

Како што информира владината прес-служба, согласно агендата Ковачевски и Марин ќе имаат тет-а-тет средба.

– Двајцата премиери потоа ќе им се придружат на делегациите на двете Влади на билатерална средба на која од наша страна ќе присуствуваат Бојан Маричиќ, заменик-претседателот на Владата за европски прашања, Бујар Османи, министер за надворешни работи и министерката за одбрана Славјанка Петровска, се вели во соопштението.

Премиерите Ковачевски и Марин работниот дел од средбата ќе го завршат со заедничка прес-конференција.

Фото: Влада

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Филипче за Нино Васев вели дека е врвен професионалец, а дали работел незаконски треба да се истражи

Редакција

Орден „8 Септември“ за првиот претседател на Собранието, Андов и пратеници во мандатниот период од 1990 – 1994 година

Редакција

Што изјавија при гласањето Заев, Мицкоски и Ахмети?

Редакција

📢 Важно известување

Оваа веб-страница претставува архива (стар сајт) и повеќе не се ажурира.
За најнови информации и содржини, посетете ја нашата нова официјална страница:


👉 Посети ја новата страница