еМагазин
Image default
БАШ НИ Е ЌЕФ

Ленче Здравкин и Омер Калеши добитници на наградата „Мајка Тереза“

Хуманитарката од Велес, Ленче Здравкин и ликовниот уметник со светска каиера и со потекло од Кичевско Омер Калеши се добитници на државната награда „Мајка Тереза” во 2018 година.

Одлуката ја донесе Одборот за доделување на наградата под претседателство на академик Алајдин Абази.

Таа се доделува за особено значајни остварувања од интерес на државата во областа на хуманоста и човечката солидарност и за поттикнување, унапредување на меѓусебното разбирање и развој на соработката меѓу народите и меѓу припадниците на различните заедници, култури и вери.

На Здравкин и Калеши наградата ќе им биде врачена во Собранието на Република Македонија напладне на 26 август – датумот кога е родена нобеловката Мајка Тереза.

МИА/Фото: Фејсбук-профил на Ленче Здравкин

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

(Фото) Пендаровски ја поклони книгата „Македонија е се што имаме“ од Глигоров на библиотеката на Парискиот мировен форум

Редакција

(Фото) Со тикет од 20 денари до 2,5 милиони денари: Нов милионер на „Sport Life“

Редакција

(Галерија) Со бесплатно скијање започнува скијачката сезона на Попова Шапка

Редакција

📢 Важно известување

Оваа веб-страница претставува архива (стар сајт) и повеќе не се ажурира.
За најнови информации и содржини, посетете ја нашата нова официјална страница:


👉 Посети ја новата страница