еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

Бугарско МНР: Подготвени сме да го потпишеме Протоколот според член 12 од Договорот со Македонија

Министерство за надворешни работи на Бугарија денеска соопшти дека е подготвено да продолжи со потпишувањето на Протоколот, согласно член 12 од Договорот за пријателство и добрососедство со Македонија.

Како што јави дописникот на МИА од Софија, ваквото соопштение на бугарското МНР следи по вчерашната одлуката на Народното собрание на Бугарија со која се дава зелено светло на предлогот на француското претседателство за почеток на преговорите за пристапување на Македонија во ЕУ.

Во соопштението на Министерството се вели дека „е време одговорните фактори во Македонија не со зборови, туку со дела, да ја покажат својата посветеност и желба за сопствената и европската иднина на регионот“.

– Брзината со која Македонија ќе пристапи кон членство во Европската унија зависи од неа и нема да се одложи доколку земјата ги исполни преземените обврски во однос на европските вредности и добрососедските односи, се наведува во соопштението на бугарското Министерство за надворешни работи.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Бугарското Собрание го одобри “францускиот предлог“ за Македонија

Жестоки реакции за транспарентите „Македонија е Бугарија“ во бугарското Собрание, од ЕУ молк

МИА/Фото: МНР на Бугарија

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Обвинителството на Монако постапило по барањето на нашето за предметот за доделување на концесијата за центрите за дијализа

Редакција

Проф.Трајковски: „Непрележаните и невакцинираните многу тешко ќе куртулат пред делта сојот, кој на есен ќе го видиме во „полн сјај““

Редакција

(Галерија) Куманово новогодишно украсено

Редакција

📢 Важно известување

Оваа веб-страница претставува архива (стар сајт) и повеќе не се ажурира.
За најнови информации и содржини, посетете ја нашата нова официјална страница:


👉 Посети ја новата страница