еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

МНР и врачи вербална нота на Бугарија и очекува осуда на експлицитниот говор на омраза и територијалните претензии кон Македонија

Министерството за надворешни работи на Македонија најостро ги осудува вчерашните натписи „Македонија е Бугарија“, кои можеа да се видат во рацете на дел од пратениците за време на заседанието за првата точка на Народното собрание на Република Бугарија, но и усмено пренесени од говорница, за време на истата седница.

„Таквите пораки се спротивни на европските демократски вредности, но и спротивни на Договорот за пријателство, добрососедство и соработка и не придонесуваат во негувањето на принципите и духот на Договорот.

С.Македонија очекува официјалните претставници на Бугарија да го осудат експлицитниот говор на омраза и територијалните претензии кон Македонија, како крајно непримерен акт кон соседна пријателска држава, велат од МНР.

Министерството за надворешни работи врачи соодветна вербална нота со оваа содржина до бугарското Министерство за надворешни работи.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Жестоки реакции за транспарентите „Македонија е Бугарија“ во бугарското Собрание, од ЕУ молк

(Фото) Отворени територјални претензии во бугарското Собрание: „Македонија е Бугарија“

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Убава вест: Оздравени 479 пациенти болни од Ковид-19, од Скопје 358

Редакција

Најголем дел од новозаболените со Ковид-19 се на возраст од 30 до 39 години и над 60

Редакција

СЈО за шест месеци потрошило 113,5 милиони денари

Редакција

📢 Важно известување

Оваа веб-страница претставува архива (стар сајт) и повеќе не се ажурира.
За најнови информации и содржини, посетете ја нашата нова официјална страница:


👉 Посети ја новата страница