еМагазин
Image default
Балкан ТОП СТОРИИ

И Петков почна да употребува „северномакедонски“: За првпат Брисел ја поддржа бугарската позиција

Во интервју за Бугарското национално радио, бугарскиот премиер Кирил Петков изјави дека Скопје веќе има избор за сопствената иднина, а Бугарија успеала да ги заштити своите национални интереси по гласањето „за“ францускиот предлог во бугарското Собрание и натаму Софија не може да сноси одговорност.

За првпат Брисел ја поддржа бугарската позиција, рече Петков, додавајќи дека и самите, како што ги нарече, “северномакедонски“ партии излегле на голем протест против предлогот.

Според него, тоа што бугарските позиции се заштитени од Брисел укажало на неверојатно успешна дипломатија која лично ја поздрави. Тој образложи што ќе се случува доколку Македонија одлучи да го прифати предлогот.

Ако Македонија се согласи со францускиот предлог, во Уставот на Македонија ќе влезат Бугарите пред да почне преговарачкиот процес.

-Второ, имаме јасни контролни механизми за говорот на омраза и дискриминацијата.

Трето, имаме многу јасни дефиниции за историските факти и образованието во училиштата во С.Македонија, рече Петков, повторувајќи дека зад спроведувањето ќе стои Брисел, а дека Македонија треба да биде дел од Европската унија.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Османи убеден дека Макрон “Северномакедонци“ го кажувал без навреда

Макрон го поздрави гласањето во Собранието на Бугарија и пак не нарече „Северномакедонци“

Фото: Влада

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Владата подготвена да расправа за декриминализација на марихуаната со измени во Кривичниот законик и Законот за прекршоци

Редакција

Детален преглед: Сите медали кои досега ги има освоено Македонија на Олимписките игри

Редакција

Мртво новороденче донесено на Детска клиника, мајката го родила дома

Редакција

📢 Важно известување

Оваа веб-страница претставува архива (стар сајт) и повеќе не се ажурира.
За најнови информации и содржини, посетете ја нашата нова официјална страница:


👉 Посети ја новата страница