еМагазин
Image default
БАШ НИ Е ЌЕФ

„Брако“ обезбедува обучен и квалификуван кадар подготвен за работните процеси

Во „Брако“ е во тек реализирањето на феријална практична настава за повеќе наставни програми во рамките на проектот Дуално образование, информираат од компанијата.

Учениците од овој модел на образование се идниот обучен кадар подготвен за вклучување во производствените технолошки процеси.

Современата технологија, машините и опремата во кои „Брако“ во континуитет инвестира, овозможува беспрекорно реализирање на ова стручно образование по германски модел каде во комбинацијата на теоријата и праксата посебен акцент се става токму на практичната обука во компаниите.

„Во моментов ученици од втора година од ССОУ „Коле Неделковски“ од Велес ги спроведуваат стекнатите теоретски знаења во пракса, од струката Техничар за производно машинство,“ вели Олгица Минова, сертифициран ментор за работа со ученици во „Брако“.

„Брако“ е партнер на програмата Дуално образование која е исклучително ефикасна во создавањето стручни кадри кои се барани во производствените процеси во период на невработеност токму поради несовпаѓањето на вештините.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

(Фото) Денис Јанкуловски Космонаутко добитник на наградата „Европејци на годината“, кои се другите наградени?

Редакција

(Фото) Националниот парк „Маврово“ ги збогатува содржините за авантуристички туризам: Се подготвува „Виа ферата“

Редакција

(Галерија) Ракометарите кај Пендаровски: Државата секогаш ќе ви биде дом, нема да заборави што направивте за неа

Редакција

📢 Важно известување

Оваа веб-страница претставува архива (стар сајт) и повеќе не се ажурира.
За најнови информации и содржини, посетете ја нашата нова официјална страница:


👉 Посети ја новата страница