Руската државна вселенска агенција Роскосмос со која раководи Димитри Рогозин упати посебна честитка до членките на НАТО по повод самитот на Алијансата кој денови се одржува во Мадрид, а Македонија ја преставува претседателот Стево Пендаровски, министерката за одбрана Славјанка Петровска и министерот за надворешни работи, Бујар Османи.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Претседателот Пендаровски на Самитот на НАТО во Мадрид
Satellite pics released by "Roscosmos" (Rus Space agency) on the eve of the Nato summit in Madrid Spain
pic.twitter.com/jIVhY7RYT3
— AZ
(@AZmilitary1) June 28, 2022
Агенцијата на Твитер објави сателитски снимки од Мадрид, Вашингтон, Пентагон и Белата куќа, Лондон, Париз и Берлин, со координати на точните локации и порака: „Самитот на НАТО започнува денеска во Мадрид, каде западните земји ќе ја прогласат Русија за најголем непријател“.
„Истовремено ви ги даваме и координатите на објектите. Значи, за секој случај: САД 38.897542, -77.036505- Бела куќа, Пентагон 38.870960, -77.055935, Лондон 51.503049, -0.127727, Париз 48.870433, 2.316842, Берлин 52.49903“, се вели во објавата на Рогозин на Телеграм.