еМагазин
Image default
ЖИВОТ ТОП СТОРИИ

Раст на бројот на заболени и на реинфекции со Ковид-19 во Македонија

Податоците на Институтот за јавно здравје (ИЈЗ) за периодот од 20 до 26 јуни покажуваат дека се тестирани вкупно 6.341 материјали во лабораториите во кои се спроведува молекуларно тестирање и антигенско тестирање за присуство на SARS-CoV-2, со зголемување од 15,2% во однос на минатата недела (n=5.506).

“Регистрирани сe 580 нови позитивни случаи од 22 градови во државата, со зголемување од 63,8% во однос на минатата недела (n=354).

Процентот на позитивност се движи од 2,1% до 15,0%, просечно 10,1%.

Најголем дел од регистрираните случаи се од Скопје (n=379; 65,3%), каде е регистрирана и највисока неделна инциденца – 62,4/100.000.

Висока инциденца е регистрирана и во Охрид (56,2/100.000) и Кавадарци (55,7/100.000).

Во текот на минатата недела пријавени се 120 реинфекции, со зголемување од 76,5% во однос
на претходната недела (n=68)“, стои во извештајот на ИЈЗ, кој еМагазин редовно го пренесува.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Доктор Беќаровски: Ковид-бројките рапидно ќе растат поради доаѓањето на омикрон БА 4 и 5

Проф. Трајковски: Бранот е започнат, а реинфекцијата со Ковид-19 кумулативно додава ризици за хоспитализација и морталитет, покажуваат најновите истражувања

Фото: МЗ

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Русија предупредува: Артикот може да стане бојно поле по одлуката на Финска и Шведска за влез во НАТО

Редакција

(Фото) Скопските пожарникари апелираат: „Ние останавме на работа, Вие седете дома, спасете живот“

Редакција

(Фото) Синот Петар и папагалот хит на Инстаграм-профилот на Јанкулоска

Редакција

📢 Важно известување

Оваа веб-страница претставува архива (стар сајт) и повеќе не се ажурира.
За најнови информации и содржини, посетете ја нашата нова официјална страница:


👉 Посети ја новата страница