еМагазин
Image default
Македонија

Пратеник снимал деколте на негова колешка, обвини Ковачевски во Собранието

Премиерот Димитар Ковачевски денеска во Собранието, за време на пратеничките прашања, кажа и дека пратеник снимал своја колешка на 15 сантиметри од деколтето, па јавно праша што ќе се прави со снимката.

„Ако се погледнат снимките само од вчерашниот ден, каде пратеник што во моментов додека зборам ми се смее, со мобилен телефон ја снима претседателката на Kомисијата за политички систем на 15 сантиметри од нејзиното деколте, јас се прашувам што ќе ѝ прави на таа снимка тој“, рече Ковачевски.

Тој алудираше на претседателката на Комисијата за политички систем, Снежана Калевска-Ванчева од СДСМ, која за Фокус откри дека се работи за пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ, Зоран Јованчев.

Фото: Влада

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Детален преглед: На инфективните одделенија во земјава се лекуваат 400 пациенти болни и суспектни на Ковид-19

Редакција

За македонските граѓани најголема закана за Македонија е Бугарија, покажува „Еврометар 2022“

Редакција

Шекеринска потврди дека е на снимката со Боки 13 и Катица Јанева

Редакција

📢 Важно известување

Оваа веб-страница претставува архива (стар сајт) и повеќе не се ажурира.
За најнови информации и содржини, посетете ја нашата нова официјална страница:


👉 Посети ја новата страница