еМагазин
Image default
Забава

Денеска во Дојран почнува Д Фестивал: Доаѓа и Констракта

Од денеска до 3 јули во Дојран се одржува 12. издание на Д Фестивал на кој ќе настапат повеќе од 150 музички изведувачи и уметници

Програмата ќе се одвива на 15 различни бини и зони на Фестивалот, вклучувајќи го и славниот Д-Камп за фестивалските посетители. Првите посетители на Д Фестивал вчера пристигнале во Дојран и ги поставиле своите шатори во Д Кампот, кој по две години ја отвори својата капија ден пред официјалниот почеток на фестивалската програма.

Официјално почна музичката програма во чии рамки ќе настапат повеќе од 50 музички артистикои пристигнуваат во Дојран од целиот свет, а секако најмногу од државава.

Програмата на фестивалот денеска ќе ја предводат изведувачите чии настапи се закажани на Главната бина, односно Крудер и Дорфмаистер, Џулијан Марли, Кошин, Рундек и Екипа зад аголот.

Утревечер ќе настапат Анфиса Летјаго, Јура Стублиќ и група Филм, Буч Кесиди, Култур шок и Чиста околина, додека пак во финалната вечер пристигнуваат ЗУ, Констракта и Земља грува, Хладно пиво и Марки Рамон

МИА/Фото: Промо

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Вевчански карневал на 13 и 14 јануари: Кој се ќе настапи

Редакција

(Фото) Даниел Кајмакоски по третпат стана татко, доби ќерка

Редакција

Поради лошите временски услови, Пиволенд во Скопје презакажан за 3 септември

Редакција

📢 Важно известување

Оваа веб-страница претставува архива (стар сајт) и повеќе не се ажурира.
За најнови информации и содржини, посетете ја нашата нова официјална страница:


👉 Посети ја новата страница