еМагазин
Image default
Македонија

Земјотрес ги вознемири граѓаните

Земјотресот кој попладнево беше почуствуван во Македонија е со јачина од 5 степени според Рихтеровата скала, а епицентарот е регистриран на 115 киломтери југо-западно од Скопје во соседна Албанија, соопшти Сеизмолошка опсерваторија при Природно-математичкиот факултет во Скопје.

Со најсилен интезитет во Македонија, односно со 4 степени според Европската макросеизмичка скала бил почуствуван во Дебар и околината, во Охрид, Струга, Кичево и Гостивар е почуствуван со интензитет од 3 до 4 степени и во Скопје и Тетово со интензитет од 3 степени според истата скала.

– Телеметриската сеизмолошка мрежа на Република Македонија, со станици во Скопје, Валандово, Охрид, Штип и Пехчево, зејотресот го регистрирала во 17 часот и 38 минути со Рихтерова магнитуда од 5 степени, се вели во соопштението на Сеизмолошка опсерваторија.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Вицепремиерот Љупчо Николовски позитивен на Ковид-19

Редакција

Претставен планот за вакцинација против Ковид-19: Дневно до 2.500 лица, приоритет ќе имаат здравствените работници

Редакција

Димитров: Да одмориме од проблемот со Бугарија до изборите кај нив, да се фокусираме на средување на сопствениот двор

Редакција

📢 Важно известување

Оваа веб-страница претставува архива (стар сајт) и повеќе не се ажурира.
За најнови информации и содржини, посетете ја нашата нова официјална страница:


👉 Посети ја новата страница