еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

Спасовски: Протестот е демократско право, но она што се случи синоќа е вандализам

Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски најостро ги осуди синоќешните настани пред Собранието, кога 47 полицајци беа повредени од кои двајца потешко. Спасовски утрово ги посети двајцата полицајци на Клиника за неврохирургија.

Синоќешните настани тој ги окарактеризира како вандализам, посочувајќи дека протест е демократско право, упатувајќи порака до политичките партии дека не смеат да организираат насилни протести и насилно уривање на власта.

Министерот кажа дека полицијата привела 11 лица, од кои двајца од нив се малолетни. Според него, нема повредени демонстранти. Полицијата делувала само кон таа група граѓани кои напаѓале.

Спасовски кажа дека полицијата имала информации за синоќешните настани и дека е отворена оперативна обработка, но дека тоа е дел од истрагата и оти не сака да соопштува други детали.

-Сите информации се собрани, дури и за организаторите, рече Спасовски додавајќи дека полицијата има информации дека насилни протести би можеле да се повторат и вечерва дури и со употреба на молотови коктели притоа повикувајќи ги организаторите и лицата кои се подготвуваат за вакво сценарио да се откажат од него.

Спасовски им се заблагодари на граѓаните за поддршката, но и на медиумите.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

(Видео+фото) Протестите ескалираа: 47 повредени полицајци и 11 приведени демонстранти

(Видео+фото) Илјадници граѓани повторно кажаа НЕ на “францускиот предлог“, емотивно обраќање на Ребека

Власта уфрла провокатори за да апси народ, обвинуваат од Левица

МИА/Фото: МВР

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

„Пуцко петрол“ го доби тендерот на струмичката болница за набавка на масло за греење вреден 7,9 милиони денари

Редакција

„Алкалоид“ трета година по ред е апсолутен победник – најпосакуван работодавач за 2024 година

Редакција

Не само за наркотици, тестови и за менталното здравје на македонските политичари

Редакција

📢 Важно известување

Оваа веб-страница претставува архива (стар сајт) и повеќе не се ажурира.
За најнови информации и содржини, посетете ја нашата нова официјална страница:


👉 Посети ја новата страница