еМагазин
Македонија ТОП СТОРИИ

Австрискиот професор Бибер: Францускиот предлог за одблокирање на бугарското вето е катастрофа за проширувањето

Професорот за политика и историја на Југоисточна Европа на Универзитетот во Грац, Флоријан Бибер во објава на Твитер во седум точки објасни зошто според негово мислење, францускиот предлог за почеток на пристапните преговори на Македонија со Европската Унија претставувава „катастрофа за проширувањето“ на ЕУ.

Според него, францускиот предлог за одблокирање на бугарското вето е катастрофа за проширувањето, иако изгледа добар за да се стави крај на бугарското вето, тој постигнува малку и носи големи опасности.

– Го вклучува билатералниот спор во преговарачкиот процес на ЕУ, давајќи им легитимитет и охрабрување на идните членки на ЕУ кои ги блокираат земјите членки. Значително се приближува до бугарските барања отколку позицијата на Македонците, па затоа е неурамнотежена.

Во суштина ја прифаќа националистичката логика на бугарската Влада и сугерира дека постои прашање за дискриминација на Бугарите во С. Македонија.

Игнорира дека проблемот е (делумно) создаден од ЕУ – 10.000 македонски граѓани добија бугарски пасоши, бидејќи се ЕУ-пасоши, не затоа што се бугарски.

Граѓаните и нивните барања да бидат граѓани на ЕУ (да работат) се злоупотребени од Бугарија за да тврди дека се „етнички“ Бугари. Ги билатеризира и дискредитира механизмите за вистинските малцински права.

Нема да има доволно поддршка во С. Македонија и нератификувањето на договорот ќе се толкува како неуспех во С. Македонија, а не како неуспех на бугарските националистички барања.

Наместо лесен излез, францускиот предлог дополнително ќе го наруши угледот на ЕУ и ќе го закопа процесот на проширување, напиша Бибер.

МИА

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Осомничената Фросина Ременски на увид во доказите за „Меѓународниот сојуз“ на Боки 13

Редакција

Сојузот на стопански комори на Македонија одбележа 20 години постоење

Редакција

Ахмети вели дека Заев пиел ракија пред митинг, лидерот на СДСМ му порача дека никогаш не бил пијан

Редакција

📢 Важно известување

Оваа веб-страница претставува архива (стар сајт) и повеќе не се ажурира.
За најнови информации и содржини, посетете ја нашата нова официјална страница:


👉 Посети ја новата страница