еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

Лицето кое Мицкоски го посочува дека се обидело да го убие е приведено

Лицето кое лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски го посочува дека се обидело да го убие е приведено во полициска станица, изјавија од МВР за МИА.

Од МВР велат дека засега немаат дополнителни информации за случајот.

Мицкоски на Фејсбук вечерва објави фотографија на која се гледаат неколку лица, посочувајќи дека едниот од нив требало да го убие.

– Ова е човекот кој требаше да ме убие вечерва. Барам итно да биде приведен од Спасовски и МВР, наведе Мицкоски во објавата.

Мицкоски вечерва учествува на протесниот марш што со одржува под мотото „Ултиматум – Не благодарам“, кој започна пред Владата, од каде демонстрантите се упатија кон Министерството за надворешни работи, а потоа продолжија пред Собранието.

На раскрсницата пред плоштадот „Скендербег“ на влезот во Старата скопска чаршија дојде до инцидент меѓу демонстрантите и група луѓе, а очевидци тврдат и дека се слушнале и истрели, но полицијата интервенираше и ги раздели групи, спречувајќи евентуален поголем инцидент.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

(Видео) Демонстрантите нападнати со шишиња и камења, спречен меѓуетнички инцидент кај плоштадот Скендербег

Мицкоски објави фото: Ова е човекот кој требаше да ме убие вечерва, итно да биде приведен од Спасовски и МВР!

МИА

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Со сведоци на Обвинителството продолжи судењето за „Титаник“

Редакција

(Галерија) Како изгледа штадот на Македонија: Во Белград отворен саемот „Винска Визија на Отворен Балкан“

Редакција

По Ванчо Михајлов и Цар Борис Трети, во Богданци бугарски клуб ќе добие и Цар Фердинанд

Редакција

📢 Важно известување

Оваа веб-страница претставува архива (стар сајт) и повеќе не се ажурира.
За најнови информации и содржини, посетете ја нашата нова официјална страница:


👉 Посети ја новата страница