еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

Приведен 22-годишник кој повредил полицаец на вчерашниот протест, заработи кривична

Припадници на Единицата за насилен криминал – Одделение за насилен криминал при СВР Скопје денеска, по преземени мерки и активности, го лишија од слобода Г.К.(22) од Скопје, кој синоќа за време на јавниот собир фрлал со тврди предмети кон полициските службеници и повредил еден од нив.

-На 06.07.2022 околу 20.35 часот, за време на одржување на јавен собир на граѓани, организиран преку социјални  мрежи, Г.К. започнал да фрла со тврди предмети кон полициските службеници кои вршеле службени дејства околу обезбедување на собирот, нанесувајќи му повреда на еден од нив, соопштија од МВР.

Како што посочуваат, во координација со ОЈО Скопје поднесена е кривична пријава по брза постапка за кривично дело „учество во толпа што ќе изврши кривично дело“ по член 385 од Кривичниот законик и лицето е изведено пред Судија на претходна постапка.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Кривична за 18-годишникот кој фрли молотов коктел кон Собранието

Кривичен им одреди притвор на осум лица, од кои шест се на возраст меѓу 18 и 22 години за настаните пред Собрание

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Мицкоски: Имавме позитивна и успешна средба, целта ни е да спасиме што е можно повеќе животи

Редакција

Колку ќе чинат налепниците НМК за автомобилите

Редакција

ВМРО-ДПМНЕ: Неспособните кадри на Заев да поднесат оставка и од државни функции

Редакција

📢 Важно известување

Оваа веб-страница претставува архива (стар сајт) и повеќе не се ажурира.
За најнови информации и содржини, посетете ја нашата нова официјална страница:


👉 Посети ја новата страница