еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

Ќе му бидат конфискувани и 25 станови: Мијалков призна вината за „Империја“ и доби три години затвор

Поранешниот шеф на Управата за безбедност и контраразузнавање (УБК), Сашо Мијалков ја призна вината за случајот „Империја“ и се согласи на три години затворска казна.

Исто така, Мијалков се согласил да биде конфискуван неговиот имот во вредност од околу 30 милиони евра, потврди за МИА, Вилма Русковска, шефицата на Обвинителството за гонење на организиран криминал и корупција.

– Според процената за 2011, 2013, 2016 и 2019 година вредноста за недвижниот имот е околу 17 милиони евра, но со оглед на покачување на цените на недвижностите, бидејќи сепак се работи за 25 станови во Скопје, сметаме дека негде имотот е околу 30 милиони евра, изјави Русковска.

Случајот „Империја“ се води против Јордан Камчев, Сашо Мијалков, Ненад Јосифовиќ, Цветан Панделески, Ратка Куноска Камчева, Христина Камчева Стојческа, Зорица Арсовска, Лилјана Гајдовска, Владислав Стајковиќ, Тодор Мирчевски, Дејан Јанев, Ванче Мијалчев и Јованче Тасковски.

Тие се гонат поради основано сомнение за сторени кривични дела злосторничко здружување, оштетување или повластување на доверители, злоупотреба на службената положба и овластување, измама и перење пари и други приноси од казниво дело.

МИА/Фото: МИА

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Професорот Александар Климовски нов директор на Државна лотарија

Редакција

Членови на СОНК побараа Неделков да објасни зошто штрајкот е ставен во мирување

Редакција

Европската комисијата појасни зошто Македонија не доби пари од Солидарниот фонд: Државата не направила доволно расходи

Редакција

📢 Важно известување

Оваа веб-страница претставува архива (стар сајт) и повеќе не се ажурира.
За најнови информации и содржини, посетете ја нашата нова официјална страница:


👉 Посети ја новата страница