еМагазин
Забава

(ВИДЕО) Емир Кустурица му посвети песна на рускиот министер за одбрана

Српскиот режисер и музичар Емир Кустурица му посвети песна на рускиот министер за одбрана Сергеј Шојгу, како главен идеен организатор на Армиските меѓународни игри во близина на Москва, а ја отпеа на завршната церемонија на спортскиот настан.

– Многу пати во животот сум видел како луѓето стрелаат и убиваат луѓе. Благодарение на мојот пријател Сергеј Кужугетович Шојгу беше организирана олимпијада, каде се стрела но не се убива. Песната „Команданте“ е посветена на мојот пријател Сергеј Шојгу, изјави Кустурица на руски јазик.

Песната беше исполнета во придружба на No Smoking Orchestra.

Армиските меѓународни игри започнаа на 28 јули. Во 28 натпреварувања, вклучени во програмата, учествуваа 189 екипи од 32 држави.

МИА

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Нов сингл на групата Љубојна, со наслов „Јас и ти”

Редакција

Елена Ристеска во бизнис води, отвори продукција за млади таленти

Редакција

(Видео+Галерија) Владата буквално падна, ама во новата серија Black Ops: Погледнете го трејлерот и неговата промоција

Редакција

📢 Важно известување

Оваа веб-страница претставува архива (стар сајт) и повеќе не се ажурира.
За најнови информации и содржини, посетете ја нашата нова официјална страница:


👉 Посети ја новата страница