еМагазин
Image default
Локално ТОП СТОРИИ

Десетина коњи и мазги заклани во скопската Зоолошка, директорот разрешен

По скандалот кој вчера ја потресе јавноста разрешен е вршителот на должност директор на Скопската зоолошка градина, Кристијан Стаменов, известуваат од Град Скопје.

– Културна, образовна и научна се основните дејности на ЗОО Скопје, а нејзина основна цел е да ги чува, одгледува и презентира живите експонати и истите да ги направи достапни за пошироката јавност.

Личната одлука преземена од страна на директорот не соодветствува со основните заложби за хумано чување и одгледување на животни и за истото мора директорот да понесе одговорност, поради што истиот се разрешува, стои во соопштението од Град Скопје.

Разрешувањето следува по информацијата која се прошири низ медиумите дека десетина коњи и мазги биле заклани во скопската Зоолошка.

МИА/Фото: МИА

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Горивата поевтинуваат за половина денар

Редакција

Каков имот пријавил Златко Перински, директорот на ЈП Водовод и канализација, кој е разрешен

Редакција

Дизелот поскапува, бензините поевтинуваат

Редакција
Close

📢 Важно известување

Оваа веб-страница претставува архива (стар сајт) и повеќе не се ажурира.
За најнови информации и содржини, посетете ја нашата нова официјална страница:


👉 Посети ја новата страница