еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

Павле Трајанов не гласаше за заклучоците за „францускиот предлог“

На денешната седница на македонскиот Парламент, на која се расправаше за „францускиот предлог“ (Преговарачка рамка), Павле Трајанов, претседател на Демократскиот сојуз (ДС) и пратеник, не гласаше за заклучоците предложени од СДСМ и ДУИ, информираат од ДС.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Демократскиот сојуз ги објави предлог заклучоците за францускиот предлог

-Од говорницата порача да се гласа за заклучоците што тој ги предложи, со кои се задолжува Владата да се заложи во Преговарачката рамка да се вгради став за македондкиот јазик, да се изостават билатералните прашања и историските теми, како и Протоколот.

Потоа да има една меѓувладина конференција за почнување на преговорите со ЕУ, а вградувањето на Бугарите во Уставот да биде на реципрочна основа, односно Бугарија да ги признае правата на Македонците кои живеат во Бугарија.

Демократски сојуз цврсто стои на определбата Македонија да стане полноправна членка на ЕУ, но согласно европските принципи и стандарди и Копенхагенски критериуми, кои целосно ги исполнува,“ се вели во соопштението.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Малинка Ристевска Јорданова: Собранието усвои заклучоци во кои нема ни збор за промената на Уставот, Протоколот и едностраните изјави

(Видео) Заклучоците за „францускиот предлог“ изгласани во Собранието: 68 гласа од СДСМ и сите партии на Албанците

Фото: ДС

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Убава вест: Оздравени 14 заболени од Ковид-19

Редакција

(Галерија) Како изгледа Прилеп во новогодишно руво

Редакција

Што е „ransomware“

Редакција

📢 Важно известување

Оваа веб-страница претставува архива (стар сајт) и повеќе не се ажурира.
За најнови информации и содржини, посетете ја нашата нова официјална страница:


👉 Посети ја новата страница