еМагазин
Image default
Балкан

Конечно нема пречки за преговорите на Албанија со ЕУ, в понеделник патуваме за Брисел да го започнеме новиот пат, вели Рама

Албанскиот премиер Еди Рама со реакција по одобрувањето на францускиот предлог во Собранието, велејќи дека конечно повеќе „нема никаква пречка за преговорите за членство на Албанија во ЕУ“.

– Конечно! Преговорите за членство на Албанија во Европската Унија веќе немаат никакви пречки! Собранието на С Македонија штотуку даде зелено светло за последниот француски предлог. Апсурдното заложништво на Албанија заврши, напиша Рама во подолга објава на „Фејсбук“.

Додава дека „беа потребни три исцрпувачки години од донесувањето на одлуките на Европскиот совет за да се отвори патот за преговори, така што синџирот на вештачки пречки поставени пред Албанија е целосно израмнет“.

Меѓудругото заблагодарувајќи им се на стратешките сојузници, Рама нагласува дека „албанската делегација ќе замине во понеделник во Брисел за да го започне овој нов дел од патот, почнувајќи ги преговорите за членство“.

– Ќе успееме и во овој нов дел од напорите, со поблиско поврзување со Албанците и насочување со нови сили на врвот каде што ќе ја воздигнеме Албанија, напиша меѓудругото Рама.

На објавата на која постира фотографија со поранешната германска канцеларка Ангела Меркел, тој посебна благодарност упати и до сопругата Линда и децата за поддршката.

МИА/Фото: Влада

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Има 7 дена да предложи влада: Радев му го врачи мандатот на Даниел Митов за кандидат за нов бугарски премиер

Редакција

Српска стока денеска не може да влезе во Косово, ниту камиони со српски регистарски таблички

Редакција

MO на Србија: Не гласаа Црна Гора и Северна Македонија за Косово, тие гласаа против Србија

Редакција
Close

📢 Важно известување

Оваа веб-страница претставува архива (стар сајт) и повеќе не се ажурира.
За најнови информации и содржини, посетете ја нашата нова официјална страница:


👉 Посети ја новата страница