еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

Османи ќе ја информира Бугарија за заклучоците што денеска ги изгласа Собранието, а јавноста за Протоколот

Премиерот Димитар Ковачевски денеска на прес-конференција во Владата најави дека во вторник во Брисел, кога треба да се одржи првата меѓувладина конференција, ќе ја чита отварачката изјава на македонски јазик.

– На 19 јули во Брисел, отварачката изјава ќе ја читам на македонски јазик, рече Ковачевски.

Прашан дали доколку во текот на преговорите, некоја држава ни го оспори јазикот и идентитетот, ќе се повлечеме од преговорите, Ковачевски со став дека таква ситуација нема, бидејќи во преговарачката рамка јасно е наведено дека државата ги отпочнува преговорите на македонски јазик.

Во однос на Протоколот, Ковачевски соопшти дека е задолжен министерот за надворешни работи да ја информира Бугарија за заклучоците што денеска ги изгласа Собранието и најави дека медиумите во текот на денот детално ќе бидат информирани за целиот процес.

– Во текот на денот, министерот за надворешни работи директно и подетално ќе ве информира во однос на целиот тој процес и граѓаните преку медиумите ќе бидат инфoрмирани и за процесот и за содржината, рече Ковачевски на прес-конференцијата во Владата.

МИА/Фото: МНР

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Општина Охрид го обнови споменикот во чест на загинатите бугарски туристи во бродската несреќа

Редакција

Уапсено едно лице за убиството на жената во село Велгошти

Редакција

Комерцијална банка разгледува можност за присоединување на Стопанска банка Битола

Редакција

📢 Важно известување

Оваа веб-страница претставува архива (стар сајт) и повеќе не се ажурира.
За најнови информации и содржини, посетете ја нашата нова официјална страница:


👉 Посети ја новата страница