еМагазин
Image default
Балкан ТОП СТОРИИ

За Рама начинот на однесување на Бугарија кон Македонија е срам

Албанскиот премиер Еди Рама во интервју за германскиот весник „Франкфуртер рундшау“ меѓу другото се задржува и на евронтегративниот процес, при што однесувањето на Бугарија кон Македонија го нарекува  срам.

-Начинот на кој Бугарија се однесуваше кон С Македонија беше срам. Софија повеќе не подели отколку што не обедини. Се надевам дека тоа ќе се промени сега, изјавил Рама, јави АБЦ њуз.

За отворањето на преговорите со ЕУ, тој,  нагласува дека „нашето трпение е неисцрпно на оваа тема, бидејќи немаме друг избор. Навикнати сме на тоа “.

Албанските медиуми посветуваат посебен простор за почетокот на преговорите и на Македонија, што е најавено за утре на првата меѓувладина конференција.

-С Македонија утре во Брисел ќе ја одржи и првата Меѓувладина конференција со ЕУ, на која премиерот Димитар Ковачевски ќе ја прочита воведната изјава на македонски јазик.

Потоа започнува верификацијата која ќе трае година и пол и по завршувањето на тој процес се планира следната меѓувладина конференција со која ќе се заврши фазата на отворање на преговорите за членство, а нејзиното одржување е условено со измените во Уставот, наведува Топ чанел.

Според албанските медиуми францускиот предлог предвидува надминување на разликите меѓу Скопје и Софија во однос на македонскиот јазик, идентитетот и историското минато, додека бугарската страна „бара од македонската страна да го вклучи бугарското малцинство во Преамбулата на уставот, како рамноправно со другите народи“.

МИА/Фото: Влада

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

(ВИДЕО) Актерот Вилијам Шатнер, капетан Кирк од „Ѕвездени патеки“ стана најстарата личност што некогаш летала во Вселената

Редакција

Маглата одложи летови во Скопје, намалена видливост и на неколку патни правци

Редакција

Штипскиот Основен суд покрена предстечајна постапка за штипска Баргала

Редакција

📢 Важно известување

Оваа веб-страница претставува архива (стар сајт) и повеќе не се ажурира.
За најнови информации и содржини, посетете ја нашата нова официјална страница:


👉 Посети ја новата страница