еМагазин
Бизнис

Фруктал Мак во првите шест месеци со зголемена добивка

Фруктал Мак АД Скопје за период од јануари-јуни 2022 година оствари позитивен финансиски резултат прикажан во поединечниот неревидиран Биланс на успех, соопштија од компанијата преку Македонската берза.

“Вкупните оперативни приходи изнесуваат 271.901 илјади денари. Во споредба со остварените вкупни приходи од минатата година за истиот период (233.163 илјади денари), истите бележат зголемување.

Вкупните приходи изнесуваат 266.885 илјади денари и бележат зголемување.

Финансиските приходи изнесуваат 72 илјади денари и се намалени во однос на минатата година.

Оперативните расходи за период од 01.01-30.06 2022 година изнесуваат 224.951 илјади денари и бележат зголемување во однос на истиот период минатата година (200.483 илјади денари).

Финансиските расходи изнесуваат 786 илјади денари и се намалени во однос на минатата година.

Остварената нето добивка за периодот 01.01-30.06 2022 година изнесува 41.644 илјади наспроти остварената добивка од 16.763 илјади денари за истиот период претходната година“, велат од компанијата.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

„Тежок тендер“: Град Скопје купува седум возила

Редакција

Трговците трупаат залихи и најавуваат отпуштања на работниците

Редакција

Слободни околу 9.000 работни места, најмногу во преработувачката индустрија и трговија

Редакција

📢 Важно известување

Оваа веб-страница претставува архива (стар сајт) и повеќе не се ажурира.
За најнови информации и содржини, посетете ја нашата нова официјална страница:


👉 Посети ја новата страница