еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

Минатата недела бројот на нови случаи со Ковид-19 пораснал за 62,9%

Податоците на Институтот за јавно здравје (ИЈЗ) за периодот од 11 до 17 јули покажуваат раст на нови случаи со Ковид-19.

“Тестирани се вкупно 7.858 материјали во лабораториите во кои се спроведува молекуларно тестирање и антигенско тестирање за присуство на SARS-CoV-2, со зголемување од 24,4% во однос на минатата недела (n=6.318).

Регистрирани сe 2.819 нови позитивни случаи од 32 града во државата, со зголемување од 62,9% во однос на минатата недела (n=1.730).

Процентот на позитивност се движи од 32,0% до 37,5%, просечно 35,6%.

Најголем дел од регистрираните случаи се од Скопје (n=1.472; 52,2%).

Највисока инциденца е регистрирана во Кавадарци (303,6/100.000), а висока инциденца се регистрира и во Скопје (242,5/100.000), Битола (220,2/100.000), Велес (192,8/100.000), Кратово (185,6/100.000) и Охрид (181,3/100.000)“, стои во извештајот на ИЈЗ, кој еМагазин редовно го пренесува.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Официјално во Македонија детектирана БА 5 варијантата на омикрон, присутна е во неколку градови

Фото: МЗ

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Пендаровски: Граѓаните во двете земји треба да знаат за што се разговара, финалното решение да се дебатира и во Собранието

Редакција

Клиника за ТОАРИЛУЦ-КАРИЛ со детали за лекувањето на ракометарот Денис Тот: Беше примен без срцева акција и знаци за живот, и без видливи повреди

Редакција

Ел Чека до премиерот Заев: Кога ќе му се јавиш на Трамп осигурај се дека ќе биде тој!

Редакција

📢 Важно известување

Оваа веб-страница претставува архива (стар сајт) и повеќе не се ажурира.
За најнови информации и содржини, посетете ја нашата нова официјална страница:


👉 Посети ја новата страница