еМагазин
Image default
Бизнис ТОП СТОРИИ

Бензините поевтинуваат, цената на дизелот останува иста

Од ноќеска на полноќ бензините ќе поевтинат, а цената на дизелот, мазутот и Екстра лесното масло за домаќинство останува иста, одлучи Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги (РКЕ).

„Еуросупер БС-95“ поевтинува за 2,5 денари и литар ќе чини 98,50 денари, додека цената на „Еуросупер БС-98“ се намалува за два денара и ќе изнесува 101 денар.

Дизел горивото останува 100 денари за литар. Непромента останува и цената на мазутот, 50,044 денари за килограм.

Според РКЕ, малопродажните цени на нафтените деривати се намалуваат во просек за 0,88 отсто во однос на одлуката од понеделникот.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Четворица во домашна изолација во Штип, ќе се тестира лице од Кочани со сомнителни симптоми на коронавирус

Редакција

(Фото) Jumbo во Скопје почна со работа

Редакција

Времето денеска сончево и топло, попладне дожд, грмежи и ветер

Редакција

📢 Важно известување

Оваа веб-страница претставува архива (стар сајт) и повеќе не се ажурира.
За најнови информации и содржини, посетете ја нашата нова официјална страница:


👉 Посети ја новата страница