еМагазин
Image default
БЕСПАРИЦА

Најважно е да се заузда инфлацијата, за што е неопходен постепен раст на каматите, вели Поповски

Основниот услов за добро стопанисување на компaниите е ниската инфлација. Ако го нема тоа, висината на каматните стапки не игра важна улога, оттаму централните банки со зголемување на каматните стапки всушност водат сметка и за реалната економија, вели универзитетскиот професор Никола Поповски.

Поповски во гостувањето во емисијата „Трилинг“, во однос на проекциите на инфлацијата укажа дека никој во глобални рамки не можеше да предвиди толку висок раст, иако се проектираше забрзување.

Потсети дека Народната банка имаше две сценарија презентирани на прес-конференцијата, при што попесимистичкото упатуваше на инфлација повисока од 10 проценти.

-Кога се правеше таа во април тоа беше само месец и нешто после избувнувањето на војната и почетокот на инфлацијата во светот – поголемата инфлација, и работите делуваа дека во третиот и четвртиот квартал ќе почне да се намалува инфлацијата, тоа инаку го предвидуваа и сите меѓународни и приватни и државни институции, од ММФ, Светска банка, Европска Унија, па дури и најголемите агенции во светот и најголемите банки кои имаат свои сектори. Значи никој не мислеше дека ќе оди до ова ниво, рече Поповски кој е поранешен министер за финансии.

Во однос на очекувањата за стабилизирање на цените, Поповски очекува тоа да се случи во 2023 година.

-Цените од 2022 година се високи и во 2023 нема да продолжат да растат, ниту на нафтата, на прехрамбените основни производи, на базичните метали, што значи дека инфлацијата ќе се смири, но не смееме тоа да го прифатиме како олеснување, вели Поповски и посочува дека мора да се дејствува, бидејќи високата инфлација на никого не му користи.

Фото: Unsplash

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Синдикалната минимална кошница за октомври 46.198 денари

Редакција

Повик до земјоделците навреме да аплицираат за субвенции за овошни насади

Редакција

Тешко на семејствата што живеат со една плата: Раст на основните трошоци на едно четиричлено семејство во март

Редакција

📢 Важно известување

Оваа веб-страница претставува архива (стар сајт) и повеќе не се ажурира.
За најнови информации и содржини, посетете ја нашата нова официјална страница:


👉 Посети ја новата страница