еМагазин
Македонија

Анкета на ИПИС: „За“ на референдумот за името ќе гласат 32,4% Македонци, а 80,9%Албанци

Анкетата на Институтот за политички истражувања од Скопје (ИПИС) покажува дека 43,2 отсто од граѓаните би гласале „за“ на претстојниот референдум за името, а 22 отсто „против“.

Според анкетата спроведена помеѓу 6-ти и 10-ти август, 22 отсто од испитаниците рекле дека ќе го бојкотираат референдумот, а 12 отсто одговориле дека не знаат како ќе гласаат.

Од испитаниците кои одговориле дека ќе гласаат „за“ на референдумот 32,4 отсто се етнички Македонци, а 80,9 отсто се етнички Албанци. Бројот на етнички Македонци кои одговориле дека ќе гласаат против е 26 отсто, а 27 отсто од нив одговориле дека ќе бојкотираат.

Од етничките Албанци 10 отсто одговориле дека ќе гласаат против, а 1,9 отсто дека ќе бојкотираат.

Анкетата е спореведена врз 1.110 полнолетни испитаници на ниво на Република Македонија.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

(Фото) Бакнежот „Бојкотирам“ и „За“ ги „зовре“ социјалните мрежи

Редакција

За осомничениот за убиството на жената од Велгошти притвор од 30 дена

Редакција

Цела Македонија останува во фаза 4, со широко-распространета трансмисија на Ковид-19

Редакција

📢 Важно известување

Оваа веб-страница претставува архива (стар сајт) и повеќе не се ажурира.
За најнови информации и содржини, посетете ја нашата нова официјална страница:


👉 Посети ја новата страница