еМагазин
Image default
ЖИВОТ ТОП СТОРИИ

Најмногу дожд наврна во Прилеп и Берово, времето и денеска нестабилно со дожд и грмежи

Најмногу дожд во изминатото деноноќие наврна во Прилеп и Берово 24 л/м2, во Крушево 18, во Штип 13, во Крива Паланка, Виница и Ѓуриште 12, во Претор осум, на Попова Шапка седум, во Скопје – Зајчев Рид и Пожаране шест, во Маврови Анови и Лазарополе два и во Тетово и Битола еден л/м2.

Во текот на ноќта преовладуваше умерено, наместа значително облачно време со локален слаб до умерен дожд и појава на грмежи. Утрово е сончево со мала до умерена облачност и со слаб ветер од променлив правец, соопштија од Управата за хидрометеоролошки работи.

Времето денеска ќе биде променливо облачно и нестабилно на повеќе места со пороен дожд и грмежи. Локално процесите ќе бидат поинтензивни во форма на невреме со интензивен пороен дожд, силни електрични празнења, силен ветер и услови за изолирана појава на град.

Максималната температура ќе биде во интервал од 29 до 36 степени. УВ индексот ќе изнесува 7.

Во Скопје времето ќе биде променливо облачно и нестабилно со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Во делови од котлината ќе има услови за појава на краткотрајно невреме. Максималната температура ќе достигне 33 степени.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Снежно време до сабота, студено и со засилен северен ветер

Редакција

Оперативно-техничката агенција за 5.000 евра месечно ќе се смести во простории на Македонски Телеком

Редакција

(Галерија) Како изгледа центарот на МВР во Прилеп за чување податоците при терористички напад

Редакција

📢 Важно известување

Оваа веб-страница претставува архива (стар сајт) и повеќе не се ажурира.
За најнови информации и содржини, посетете ја нашата нова официјална страница:


👉 Посети ја новата страница