еМагазин
Бизнис

Лотарија на Македонија со добивка во првите шест месеци

Во период од 01.01.2022-30.06.2022 година Лотарија на Македонија АД Скопје оствари позитивен финансиски резултат искажан во неревидираниот Биланс на успех во износ од 3.000 илјади денари, информираат од компанијата преку Македонската берза.

“Оперативната добивка е во износ од 3.457 илјади денари.

Остварените вкупни приходи за период 01.01.2022-30.06.2022 година, во висина од 14.439 илјади денари, се зголемени за 19.94 % споредбено со остварените приходи во 2021 година. Во структурата на вкупните приходи, 9со 9,77% учествуваат оперативните приходи, кои за овој период се зголемени за 20,28 % во однос на претходната година

Зголемување од 23.98 % бележат вкупните расходи, кои за период јануари – јуни 2022 година изнесуваат 10.949 илјади денари. Оперативните расходи учествуваат со 100%“, велат од компанијата.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Лотарија на Македонија со намалена добивка во првите три месеци

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Детален преглед: Споредба на надоместоците кои ги наплаќаат сите банки во Македонија

Редакција

Министерството за економија вработува пет лица, плата до 38.689 денари

Редакција

„Изградба-комерц“ доби два тендери на МОН за рехабилитација на училишта вредни 2,5 милиони евра

Редакција

📢 Важно известување

Оваа веб-страница претставува архива (стар сајт) и повеќе не се ажурира.
За најнови информации и содржини, посетете ја нашата нова официјална страница:


👉 Посети ја новата страница