еМагазин
Image default
Свет ТОП СТОРИИ

Најголемата европска нуклеарна централа во Украина, Запорожје е „целосно вон контрола“, предупредуваат од МААЕ

Генералниот директор на Меѓународната агенција за атомска енергија (МААЕ), Рафаел Гроси денеска изјави дека најголемата европска нуклеарна централа во Украина, Запорожје е „целосно вон контрола“ и Русија и Украина мора итно да дозволат експерти да го посетат комплексот со цел да се стабилизира ситуацијата и да се избегне нуклеарна катастрофа.

Тој истакна дека ситуацијата секој ден станува се поопасна во Запорожје, во градот Енерходар, што руските сили го зазедоа на почетокот на март.

– Во електраната е прекршен секој принцип на нуклеарна безбедност. Она што е во прашање е крајно сериозно и опасно. Има парадоксална ситуација, централата е контролирана од Русија, но нејзиниот украински персонал продолжува да ги води своите нуклеарни операции, што доведува до неизбежни тензии и конфликти, истакна Гроси.

Тој додаде дека иако МААЕ има одредени контакти со персоналот во нуклеарната централа, тие се „нецелосни“ и многу вознемирувачки.

Според него прекинат е синџирот за набавка на опрема и резервни делови.

– МААЕ, исто така, треба да изврши многу важни инспекции за да утврди дека нуклеарниот материјал е заштитен. МААЕ мора да оди во Запорожје, како и во Чернобил, за да ги утврди фактите, што всушност се случува таму, да изврши поправки и инспекции и да спречи да се случи нуклеарна несреќа, посочи Гроси.

МИА/Фото: Унсплеш

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Укинување на маските во затворен простор, со неколку исклучоци, препорача Комисијата за заразни болести

Редакција

Социјалните мрежи „вријат“ за Јакимовски: Додека влезат во сите станови, ќе застари делото

Редакција

Комисија ќе утврдува зошто психијатар не ја прегледал родилката која се обиде да се самоубие

Редакција

📢 Важно известување

Оваа веб-страница претставува архива (стар сајт) и повеќе не се ажурира.
За најнови информации и содржини, посетете ја нашата нова официјална страница:


👉 Посети ја новата страница