еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

Муареми: Доколку Русковска располага со сознанија и информации нека поднесе обвинител акт

Директорот на Управата за финансиска полиција Арафат Муареми ја повикува јавната обвинителка Вилма Русковска, доколку располага со сознанија и информации за сторен криминал, да ги докаже и на јавноста да и пласира обвинителен акт против него, а не празни и, како што вели, неосновани сознанија и информации, дискредитиријаќи ја во целост функцијата која ја извршува.

Во пишана реакација до медиумите на изнесените ставови на Русковска, Муареми, посочува дека негонење на криминал поради притисоци претставува кривично дело.

– Се придружувам и јас кон вашиот повик до амбасадите и сите страни на кои се повикувате за „помош“- нека го потврдат и тие она што Јавниот обвинител го утврди со надзорот над вашето незаконско работење и неетичко постапување. Одговорност за вашето самоволие мора да има, вели Муареми.

Улогата на еден јавен обвинител, посочува Муареми, најмалку од се’ е да изјавува дека ќе сподели сознанија и информациии со јавноста за таа да суди кој е криминалец.

– Обвинителката Русковска како намерно да заборава дека криминалот се докажува во рамки на институциите, а граѓаните се тие кои им укажуваат доверба врз основа на нивната работа.

Обвинителке, ако се земат последните анкети во предвид, довербата на јавноста и не ви е многу наклонета, стои во пишаната реакција на Муареми.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Русковска бара помош од САД, ЕУ и европската обвинителка Ковеси поради притисоци од директорот на Финансиската полиција

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Во Велес во вторник по Велигденските празници, припадници на АРМ ќе ги контролираат влезовите на банките поштата, маркетите и Градскиот пазар

Редакција

Захариева: Бугарија нема да поставува нови услови за старт на преговорите со ЕУ, но да се решат историските спорови

Редакција

Заев телефонски му ја честитал победата на Мицотакис

Редакција

📢 Важно известување

Оваа веб-страница претставува архива (стар сајт) и повеќе не се ажурира.
За најнови информации и содржини, посетете ја нашата нова официјална страница:


👉 Посети ја новата страница