еМагазин
Забава ТОП СТОРИИ

(Видео) По долга битка со ракот почина пејачката Оливија Њутн-Џон, ѕвездата на култниот филм „Брилјантин“

На 73-годишна возраст по долга и тешка битка со рак на дојката, почина австралиската пејачка Оливија Њутн-Џон.

Таа почина вчера во својот дом во Јужна Калифорнија, а тажната вест ја потврди нејзиниот сопруг Џон Истерлинг.

„Оливија Њутн-Џон (73) почина мирно утрово на својот ранч во Јужна Калифорнија, опкружена со семејството и пријателите. Бараме сите да ја почитуваат приватноста на семејството во овој многу тежок период.

Оливија беше симбол на триумфот и надежта повеќе од 30 години, споделувајќи го своето патување во борбата против ракот на дојката. Нејзината исцелителна инспирација и пионерско искуство со хербалната медицина продолжува со Фондацијата Оливија Њутн-Џон, посветена на хербалната медицина и истражувањето на ракот“, напиша Истерлинг на својот Фејсбук профил.

Оливија Њутн-Џон ќе ја паметиме по улогата во култниот филм “Брилијантин„, како и бројните хитови.

Фото: Промо/Брилијантин

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

(Галерија) Промоција на Галичник и Меденица како дел од Виа Динарика: Приказна која мора паметно да му ја раскажеме на светот

Силвана Жежова

„Медена земја“ ја менува историјата на „Оскарите“ и на светската кинематографија

Редакција

Трагедија во Гостивар: Дете почина, а жена е тешко повредена во пожар во зграда

Редакција

📢 Важно известување

Оваа веб-страница претставува архива (стар сајт) и повеќе не се ажурира.
За најнови информации и содржини, посетете ја нашата нова официјална страница:


👉 Посети ја новата страница