еМагазин
Image default
Локално

Педесетина пријави за последици од синоќешното невреме во Кавадарци

Педесетина пријави имало од кавадарчани за последици од синоќешното невреме во Кавадарци, информираа денеска од кабинетот на градоначалникот Митко Јанчев.

-Продолжува миењето на улиците на територијата на Општината Кавадарци по интензивниот дожд и невремето кое го зафати градот и околните населени места. Во изминатата ноќ наврна околу 40 литри на метар квадратен за околу половина час, имаше педесетина пријави од граѓаните за интервенција и санирање на одводи, подрумски простории, наноси.

Интензивно се работеше на терен цела вечер со служби од Мој Општинар, ТППЕ Кавадарци и ЈП Комуналец, а веќе утре градоначалникот Митко Јанчев ќе формира и Комисија за процена на штети од елементарни непогоди, соопштија од кабинетот на градоначалникот.

Оттаму апелираат до граѓаните ако имаат било каква потреба или штета да се јават на телефонскиот број 13-300 во Кол центарот на Општината Кавадарци.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

(Видео) Силно невреме во Кавадарци: Поплавени улици, подруми, пропаднато возило

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

40-годишен Кумановец со нож го убил татко му

Редакција

Спасени четворица косовски државјани кои заглавиле во снегот на Галичица

Редакција

(Фото) Пет розеви фламинга „одмораат“ на Преспанско езеро

Редакција

📢 Важно известување

Оваа веб-страница претставува архива (стар сајт) и повеќе не се ажурира.
За најнови информации и содржини, посетете ја нашата нова официјална страница:


👉 Посети ја новата страница